Во Италија тројца пациенти излекувани од коронавирус: Еве со какви лекови експериментирале докторите

Точка

27/02/2020

23:45

15.905

Големина на фонт

а а а

Италија, земја во Европа со најголем број на заразени од коронавирусот синоќа објави дека во земјата според последните податоци има вкупно 424 заразени.

Новите податоци на Цивилната заштита на Италија не содржат информации за починати, но прецизира дека тројца пациенти целосно оздравеле.

Станува збор за тројца пациенти лекувани во Рим од почетокот на февруари - пар кинески туристи и млад дечко кој се вратил од патување во Кина. Тоа беа првите случаи на заразени од коронавирус во Италија.


„Тројцата пациенти кои беа позитивни на коронавирусот се излекувани. Тоа е порака до Италијанците дека болеста се лекува“, изјави директорот на италијанската референтна болница за заразни болести, Франческо Ваиа.

Тој соопшти дека болницата во лекувањето користела антивирусна експериментална терапија. Докторите експериментирале со антивирални агенси и лекови кои се користат против вирусот ебола.


Инаку, од минатиот петок во Италија биле тестирани 9687 лица и помалку од 4% биле позитивни, соопштија од Цивилната заштита. Тестирани биле сите лица со симптоми и оние кои биле во контакт со позитивните лица.

Најпогоден е регионот Ломбардија, најголемиот економски центар во земјата каде се потврдени 258 случаи, меѓу кои и четири деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг