ВИДЕО: Како полициските службеници вршат контрола на патниците поради коронавирусот на граничниот премин „Блаце“

Точка

26/02/2020

20:47

4.898

Големина на фонт

а а а

Екипата на „ТВ21“ денеска била во посета на граничниот премин „Блаце“ за да провери како полициските службеници вршат контрола за влез и излез од државата со оглед на брзото ширење на коронавирусот.

Екипата забележала полициски службеници кои вршат пасошка контрола, а на себе истите носеле заштитни маски како превенција од контактот кој го имаат со патниците.

Исто така екипата забележала дека има посебна просторија која е наменета за изолација доколку постои сомнеж кај одредени патници дека се заболени од коронавирусот.

Како што знаеме, според последната одлука на Владата, на граничниот премин обезбедено било и средство за дезинфекција на раце. 

Погледнете го видеото:

Извор: „ТВ21“



Спонзорирани линкови

Маркетинг