СЗО ги разбива сите митови за коронавирусот: Пакет од Кина нема да ве зарази, лук и антибиотик нема да ви помогнат, но ова ќе ви помогне

Точка

26/02/2020

22:11

20.706

Големина на фонт

а а а

Додека светот се подготвува за ширење на опасниот коронавирус, Светската здравствена организација направила список на митови за Ковид-19 и "ги разбила".

Пример за еден од митовите е дека сушачите за раце се ефикасни во уништувањето на новиот коронавирус. 

СЗО ова го негира и наведува дека сушачите за раце не се ефикасни во уништувањето на 2019-nCov. За да се заштитите од новиот коронавирус, треба често да ги чистите рацете со мокри марамчиња на база на алкохол или да ги миете со вода и сапун.

Кога рацете ви се чисти, темелно исушете ги со помош на хартија или топол воздушен сушач, советуваат од СЗО.

Дали со ултравиолетова лампа за дезинфекција може да се убие новиот коронавирус? СЗО одговара да УВ лампите не смеат да се користат за стерилизација на рацете или другите подрачја на кожата, бидејќи УВ зрачењето може да предизвика иритација на кожата. Се поставува и прашањето колку се ефикасни топлотните скенери во откривањето на луѓето заразени од новиот коронавирус.

СЗО одговара дека термичките скенери се ефикасни во откривањето на луѓето кај кои се појавила зголемена телесна температура поради инфекција со новиот коронавирус, но дека не можат да ги откријат луѓето кои се заразени, ако уште немаат грозница.

Тоа е затоа што се потребни 2 до 10 дена инфицираните луѓе да се разболат и да развијат грозница.

На прашањето дали може со прскање со алкохол или хлор по телото да се убие коронавирусот, СЗО одговара негативно. Прскањето со алкохол или хлор по вашето тело нема да ги убие вирусите кои веќе влегле во вашето тело. Прскањето со такви материи може да биде штетно за облеката или слузокожата. Имајте на ум дека и алкохолот и хлорот можат да бидат корисни за дезинфекција на површина, но и треба да се користат според упатствата.

Дали е безбедно да се прими писмо или пакет од Кина? Да, безбедно е. Луѓето кои примаат пакети од Кина не се изложени на ризикот да се заразат со новиот коронавирус. Од претходните анализи знаеме дека коронавирусите не можат да преживеат долго на објекти, како писма или пакети.

Дали вакцина против воспаление на бели дробови ве штити од новиот коронавирус? Не. Вирусот е толку нов и поразличен, па потребна му е сопствена вакцина.

СЗО ги советува луѓето од сите старосни групи да преземат чекори за да се заштитат од вирусот, на пример, да одржуваат хигиена на рацете и респираторна хигиена.

Дали консумирањето на лук може да спречи инфекција со новиот коронавирус? Не, антибиотиците не делуваат против вируси, само против бактерии. Постарите луѓе и луѓето со веќе постоечките медицински состојби, како астма, дијабетес, срцеви болести, се ранливи и имаат поголеми шанси да заболат од вирусот.

Меѓутоа, ако сте хоспитализирани поради Ковид-19, можеби ќе примате антибиотици бидејќи е можна бактериска коинфекција.

Постојат ли одредени лекови за спречување или лечење на новиот коронавирус? До денес не постои посебен лек кој би го спречил или излечил новиот коронавирус.

Сепак, лицата заразени со вирусот требало да добијат правилна нега за ублажување и лечење на симптомите. Некои лекови моментално се истражуваат и ќе бидат тестирани низ клинички испитувања, заклучува СЗО и наведува дека таа организација помага да се забрзаат истражувачките и развојни напори со низа партнери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг