Институциите надлежни да постапуваат по пријави за изборни притисоци се подготвени за брза реакција

Макфакс

26/02/2020

16:16

716

Големина на фонт

а а а

Раководните лица на институциите кои се надлежни да постапуваат по претставки за притисоци врз вработените во јавниот сектор за време на предизборна кампања денеска остварија средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Како што информираат од ресорното министерство, средбата била со цел координација и подготовка за брза и професионална реакција и постапување по однос на сите претставки кои ќе пристигнат.

„На состанокот беше заклучено дека сите институции се подготвени да постапат согласно законските обврски и надлежности. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори“, се наведува во соопштението.

На средбата присуствувале претседателката на ДКСК – Билјана Ивановска, директорот на Агенцијата за админстрација – Спасе Глигоров, Фаница Николоска – директорка на Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот просветен инспекторат – Томе Спироски, директорот на Државниот трудов инспекторат – Алајдин Хавзиу и Зоран Билбилоски од Канцеларијата на Народниот правобранител.



Спонзорирани линкови

Маркетинг