Лаказет би можел да си замине ако Арсенал не се пласира во Лигата на шампионите

Точка

26/02/2020

15:56

946

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува „Тајмс“, од лондонски Арсенал му ветиле на францускиот напаѓач дека ќе го продадат доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите идната сезона.

Арсенал е релативно блиску до четвртото место на табелата во Премиер лигата кое води во Лигата на шампионите. „Топчиите“ заостануваат седум бодови зад Челси, но ќе им биде потребен перфектен завршеток на сезоната.

Опција секако постои и преку Лига Европа, па останува да видиме дали Арсенал ќе успее да обезбеди пласман во најелитното европско клубско првенство и ќе го задржи Лаказет, кој доколку би си заминал, тогаш речиси сигурно е дека истото ќе го стори и Пјер-Емерик Обамејанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг