Инсиње: Останува горчлив вкус...

Точка

26/02/2020

15:50

839

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње жали поради тоа што неговиот тим не успеа да ја сочува предноста на првиот натревар од осмина-финалето во Лигата на шампионите против Барселона.

Наполи поведе со голот на Дрис Мертенс, меѓутоа Гризман се погрижи фудбалерите на Барселона да заминат од Неапол непоразени.

„Останува горчлив вкус поради резултатот, затоа што бевме рамноправен противник, се жртвувавме. Сега мораме да размислуваме и за Серија А“, изјави Инсиње.

Барселона нема да може да смета на услугите на Бускетс и Видал на реванш натпреварот на „Камп Ноу“ поради суспензија.

„Имаат тие и други добри играчи. Мораме да ризикуваме на реваншот ако сакаме да пројдеме понатаму. Единствено што жалам е тоа што не остваривме подобар резултат пред нашите навивачи, посебно поради шансите кои ги имавме“, изјави Инсиње.



Спонзорирани линкови

Маркетинг