Челси со понуда до Атлетико: Кепа и 30 милиони евра за Јан Облак

Точка

26/02/2020

15:27

832

Големина на фонт

а а а

Од управата на Челси испратиле понуда до Атлетико Мадрид за купување на нивниот голман, Словенецот Јан Облак, пренесува „Ел Чирингито“.

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, лондонскиот клуб нуди 30 милиони евра, како и својот голман Кепа Аризабалага, со цел „Јорганџиите“ да не мора да губат време во потрага по нов голман.

Наводно тренерот на Челси, Френк Лампард не бил задоволен од настапите на Кепа и веќе го исфрли Шпанецот од стартната постава, па на последните четири натпревари на голот на „Сините“ е ветеранот Вили Кабаљеро.

Кепа Аризабалага се пресели во Челси во 2018-та година од Атлетик Билбао за рекордни 80 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг