„Никогаш досега не сум видел толку брзо да се создаваат езера на Антарктикот“: Топлотниот бран го стопи континентот, а загрозени се и пингвините

Точка

26/02/2020

16:00

3.161

Големина на фонт

а а а

Деветдневниот топлотен бран истопи речиси 20 отсто од снегот на островот Игл, а на Антарктикот забележани се досега најголемите температури.

Новите фотографии кои што ги објави НАСА, ги покажуваат вистинските размери на катастрофите на климатските промени - рекордните температури го истопија мразот, оставајќи зад себе откриени површини на земјата.

Од 5-ти до 13-ти февруари, Антарктикот беше погоден од топлотен бран кој стана новиот рекорд, а забележани се температури од 18.3 степени целзиусови.


Тој рекорд на тепмпературите забележан е на 6-ти февруари, а за неколку денови истопени се над 10 центиметри снег.

Санта мразот со големина на Атланта се откинал од глечерот, а научниците се загрижени поради драматичниот пад во колонијата на антрактичките пингвини.

„Никогаш досега не сум видел толку многу брзо да се создаваат езера на Антарктикот. Тоа можеше да се види на Алјаска и на Гренланд, но не е вообичаена појава на Антарктикот“ - вели експертот Мауро Пелто.


Голема количина вода од Антарктичкиот полуостров се слеала во океаните, а топлотниот бран претходното лето најмногу допринесе во топењето на мразот и зголемувањето на нивото на морето, пренесуваат од „News.com.au.“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг