Гаѓање со шише по глава, жестока шлаканица... Погледнете ја физичката пресметка на сестрите Кардашијан

Кармин

26/02/2020

14:47

5.916

Големина на фонт

а а а

Ким и Кортни Кардашијан влегле во конфликт во ријалити програмата откако Кортни својата сестра ја гаѓала со пластично шише, а потоа Ким побеснела и ја удрила со шлаканица по лицето.

Крис Џенер (64) на фановите на ријалити шоуто „Keeping Up With Kardashians", досега им ја дала најголемата драма која што се случила во првата епизода од 18-та сезона.

Таа на својот Инстаграм прфил објавила кратко видео на кое може да се види ривалството помеѓу нејзините ќерки Ким и Кортни Кардашијан.


Во драматичното видео Ким и Кортни се пресметуваат физички.

Кортни прво со шише ја гаѓа својата сестра, а потоа Ким побеснува и тргнува да ја удри, а потоа вели: „Никогаш не приоѓај ми на таков начин“.


Некои од фановите биле изненадени тоа што Кортни и понатаму учествува во ријалити шоуто со оглед на тоа што на крајот на 17-та сезона изјавила дека е изморена и дека приоритетите со децата и се најважни.

„Имам три деца кои ми се приоритет. Тоа што сакам да го кажам е дека стигнав до точка каде што повеќе не сум среќна. Сите ја имаме таа критична точка. Животот е краток. Не се врти сè околу снимањето на ова шоу“ - изјавила тогаш Кортни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk