„Температурата нон-стоп ми варираше. Едно утро имав 38.5, друго 37.2 за следното утро да имам 39.1“ - се присетува 34-годишниот маж.
Коронавирусот е поопасен отколку што се мислеше првобитно, а исповедтта на луѓето кои го прележале вирусот сведочи дека лечењето не е нималку едноставно.
Бројот на заболени од коронавирусот нагло расте, заразени се над 80 илјади луѓе, а починале најмалку 2.705.
Жртвите на вирусот вообичаено се постари луѓе, со слаб имунитет, но постојат и пријавени случаи на млади луѓе.
Коронавирусот е најопасен за оние кои имаат кардиоваскуларни болести, оние кои имаат дијабетес, хронично респираторни проблеми, хипертензија и рак.
Коронавирусот започнува и завршува во белите дробови затоа што и самата болест претставува болест на органот за дишење. Ваквата зараза се пренесува преку искашлување или пак кивање на заразените лица.
Симптомите на почетокот наликуваат на оние на обичен грип: пациентот чувствува грозница и кашлање. Потоа состојбата може да се влоши и да настане воспаление на белите дробови.
Првиот пациент кој закрепнал од коронавирусот бил 23-годишниот Хуанг кој опишал како изгледа да сте заболени.
„Во рок од една седмица имав грозница и бев лечен во карантин. На почетокот имав главоболка, вртоглавица и малаксаност. Кога ситуацијата се влоши, појдов на болница. Инјекциите со пеницилин не успеаја да ми помогнат“ - се присетува тој и додава дека бил толку многу болен што не можел да се помрднува и дека постојано примал кислород.
За среќа, овој млад човек на докторите им се јавил навреме така што сè завршило како што треба. Тој првите симптоми ги почувствувал на 27-ми јануари, а на доктор отишол една седмица кога почнал отежнато да дише.
„Температурата нон-стоп варираше. Едно утро имав 38.5, друго 37.2 за следното утро да имам 39.1“ - се присетува 34-годишниот маж.
Иако коронавирусот може да ги оштети белите дробови, жената со им Јангјанг успеала да го излечи вирусот, а потоа преку ЦТ скенер се утврдило дека со нејзините бели дробови сè е во ред.