Во некои медиуми се појавија шпекулации дека Серхио Рамос би можел да си замине од редовите на Реал Мадрид.
Договорот на капитенот на Реал Мадрид истекува во 2021 година, па многумина побрзаа да напишат дека Рамос би можел да си замине од клубот.
Сепак, Рамос брзо ги демантира написите и најави дека доколку Реал Мадрид сака, тој е подготвен да го продолжи договорото со тимот.
– Многу се пишуваше во изминатиов период, но мојот однос со клубот е величенствен. Значи, нема потреба за брзање, ќе се договориме. Никогаш не поставував дополнителни барања, ја разбирам и политиката на клубот со играчите кои се во мои години. Ако во клубот сакаат да останам, ќе останам и тоа е тоа. Некои како да сакаат да предизвикаат судир, - изјави искусниот Серхио Рамос.