Двајцата заразени Хрвати биле близнаци: Нивната мајка не се чувствува добро, колегите не доаѓаат на работа

Точка

26/02/2020

15:17

1.973

Големина на фонт

а а а

Во Хрватска се потврдени два случаи на коронавирус, а еден од пациентите бил во Италија.

"24 Sata" се јавија во домот на заразените, инаку близнаци и ја побараа нивната мајка, а госпоѓата која се јавила се претставила како куќна помошничка.

„Извинете, но госпоѓата не се чувствува добро и не може да разговара. Не ми замерувајте, но јас не можам ништо да коментирам“, одговорила таа.

Близнакот кој се заразил од својот брат кој бил во Италија, инаку работи во продавница на „ХЕП“ на Вуковарската улица во Загреб. Хрватските власти поради тоа наложија затворање на ресторанот во близина и компаниите на Вуковарската улица во главниот град на Хрватска.

Тие кои биле во непосреден контакт со заразените биле замолени да не доаѓаат на работа, а тие кои дошле пред да дознаат за заразените биле испратени дома. Во компаниите биле повикани и епидемиолози.

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош ги повика сите кои што биле на критичните подрачја да се јават во болница или во епидемиолошките служби.

„Нема потреба сите да доаѓаат во болница, затоа што се создава непотребен метеж. Влегуваме во втора фаза, здравствениот систем презема значајна улога во одбраната на здравјето на хрватската нација. Верувам дека нема да ни се случи како Кина и северна Италија, но тоа не зависи само од нас, туку и од вирусот“, изјави Берош.

Хрватскиот министер потврди дека во болниците се ограничени посетите, како и тоа дека заразениот патувал со автобус. Поради тоа, сите патници кои биле во автобусот се проверуваат, а во иднина ќе има такви проверки и на границите.

„Ги контактиравме сите, а по препораките треба да ги контактираме и сите оние кои што седеле еден ред пред и еден ред зад него“, соопштија тамошните власти, откривајќи дека до денес биле тестирани 72 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг