Фердинанд и Кол „удрија“ по еден играч на Челси: Тоа навистина е глупаво…

Дерби

26/02/2020

12:12

1.410

Големина на фонт

а а а

Челси одигра уште еден просечен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ од каде Баерн Минхен си замина со целиот плен по победата од 3:0.

„Баварците“ беа доминантни во текот на целиот натпревар, а еден момент освен головите го обележа натпреварот.

Тоа е неспортскиот потег на Маркос Алонсо кој го удри Роберт Левандовски и доби директен црвен картон. За ваквиот потег Алонсо доби критики од Рио Фердинанд и Џо Кол кои беа стручни коментатори за овој натпревар.

– Во денешните натпревари тоа е црвен картон. Мавтање со рацете, тоа е навистина клупаво за искусен играч како него. Не смеете да го правите тоа во натпревар од денешно време, со камери на сите страни. Мислам дека беше казнет со право, - изјави Рио Фердинанд.

Со негативни коментари за Маркос Алонсо се јави и Џо Кол кој истакна дека фудбалерот го изневерил својот менаџер.

– Го изневери менаџерот и за тоа нема двоумење. Изгледаше како да сеи рекле нешто меѓусебно. Не требаше да го стори тоа затоа што го остави тимот на цедило, - изјави Џо Кол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг