Неверојатна сцена во Чемпионшип лигата: Играчи на Кардиф се испотепаа меѓу себе

Дерби

26/02/2020

12:11

1.497

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Кардиф, Калум Патерсон и Леандро Бакуна влегоа во физичка пресметка по вчерашниот натпревар во кој нивниот тим загуби од Нотингем Форест со 1:0.

По последниот судиски свиреж, соиграчите влегоа во клинч, а Бакуна дури и физички го нападна Патерсон.

Соиграчите спречија поголем инцидент затоа што веднаш ги растргаа фудбалерите кои во тој момент ги изгубија нервите.

По инцидентот, менаџерот на Кардиф, Нил Харис ја опиша оваа расправа како „пасија“ и не сакаше да коментира повеќе за овој случај.

##https://twitter.com/TheSecondTier/status/1232428788912459777?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг