Белучи се појавила во елегантен корсет со кој го истакнала деколтето и ги засенила сите присутни

Кармин

26/02/2020

10:09

3.590

Големина на фонт

а а а

55-годишната актерка Моника Белучи заблескала во елегантно црно одело на ревијата на “Christian Louboutin” на модната недела во Париз.

Филмската ѕвезда била видно расположена и не ја тргала насмевката од лицето, а сите погледи биле вперени во нејзиното деколте. 


Една од најубавите жени на светот доминирала во црно одело под кое носела тесен црн корсет кој го истакнал нејзиното совршено деколте. Широките панталони дале посебен печат на нејзиниот стајлинг, а целата комбинација ја надополнила со црна чанта. Актерката околу вратот носела сребрен ѓердан со циркони, а боб фризурата ѝ била одлично стилизирана.


Моника во една прилика открила дека започнала да се занимава со манекенство кога имала само 13 години. Пред да започне да се занимава со актерство, работела ревии за брендовите “Dolce & Gabbana” и “Dior”.

Белучи од мај 2017 година е во врска со 36-годишниот Николас Лефевре, а во љубовната романса “заплови” 4 години откако се разведе од поранешниот сопруг Винсент Касел.


“Мојот партнер не ја работи истата работа како мене, но тој многу патува. Неговиот животен ритам го надополнува мојот”, своевремено изјавила таа за својот партнер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk