Прво заразено дете од коронавирус во Италија: Хоспитализирано 4-годишно девојче

Точка

26/02/2020

10:01

1.766

Големина на фонт

а а а

Четиригодишно девојче од Италија е заразено со смртоносниот коронавирус, пренесуваат италијанските медиуми.

Станува збор за девојче од Кастиљоне Де Ада во Ломбардија, едно од 10-те места кои се наоѓаат во црвената зона на северот на Италија. Девојчето било хоспитализирано, имало благи симптоми на грип и не е во сериозна здравствена состојба.

Се претпоставува дека вирусот го добило во болницата во Кодоњо каде што беа хоспитализирани првите случаи на заразени од коронавирусот во Италија.


Инаку, црвената зона во северна Италија е под 24-часовен полициски надзор со цел да се спречат неконтролирани влегувања и излегувања од подрачјето на епидемија.

Според достапните податоци, селото со околу 4 илјади жители е најмногу погодено од коронавирусот - регистрирани се 40 заразени. Децата поретко заболуваат од коронавирусот, а засега не е целосно јасно зошто е тоа така.



Спонзорирани линкови

Маркетинг