Светот се подготвува за коронавирусот: Бројката на заразени во Кина опаѓа, но ситуацијата во другите земји е загрижувачка...

Точка

26/02/2020

08:36

4.389

Големина на фонт

а а а

Во континентална Кина вчера биле забележани 406 потврдени нови случаи на заразени со коронавирусот, односно помалку во однос на понеделникот кога беа забележани 508 нови случаи.

Кинеските власти исто така соопштија дека во текот на вчерашниот ден како последица на коронавирусот починале 52 лица, помалку од 71 починати лица во понеделникот. Вкупниот број на заразени порасна на 78,064, а бројот на починати на 2,715.

Сепак, во другите земји, претежно азиските, ситуацијата е загрижувачка. Јужнокорејските власти соопштија дека денес има потврени 169 нови случаеви, повеќе во однос на 60-те од претходниот ден, со што бројот на заразени во оваа земја за неколку дена скокна на огромни 1,146. Досега во Јужна Кореја од коронавирусот починаа 12 лица.

Властите на Кувајт пријавија 11 случаи, а вчера имало два случаи - станува збор за лица кои се вратиле од Иран. Иранците пак се соочуваат исто така со големи проблеми, досега 90 луѓе се заразени, а 15 починале. Сепак, постојат сомнежи дека иранските власти го кријат точниот број на заразени и починати.

Додека смртоносниот вирус се шири, светот се подготвува за соочување со коронавирусот, одосно ширењето на вирусот. Најмногу заразени во Европа има во Италија - над 300, а првите случаеви се забележани и во нашето соседство (Романија, Хрватска), како и Швајцарија и Австрија.

Во бројни европски земји владите препорачуваат да не се патува во Италија, а властите на Велика Британија наложија учениците кои се враќаат од екскурзија да останат дома.

Американските власти соопштија дека очекуваат ширење на епидемијата на коронавирусот и ги повикаа училиштата, компаниите и локалните власти да размислат за мерки на претпазливост како откажување на јавните настани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг