Коронавирусот и понатаму е тема број еден во светот, а како што знаеме поради појавата на истиот луѓето ширум светот умираат, ги затвораат градовите, ги откажуваат спортските натпревари и цела планета е во страв.
Најновата снимка доаѓа од Кина каде што, како што може да видиме полицијата и здравствените работници на границите, на брутален начин се борат против оваа опасна болест.
Вооружени до заби, им приоѓаат на луѓето кои имаат зголемена телесна температура и симптоми на коронавирусот, а “пресметката“ со оние кои одбиваат да соработуваат со нив навистина е брутална.