Погледнете како Ноле среде Дубаи игра стомачен танц со професионална танчерка...

Точка

25/02/2020

20:30

5.352

Големина на фонт

а а а

Очигледно е дека тенисерот број еден во светот добро се опуштил пред натпреварот со Колшрајбер...

Знаеме дека Новак Ѓоковиќ испадна во дубл конкуренцијата на АТП турнирот во Дубаи, но тоа очигледно не му било толку многу тешко...

Доказ за тоа е видео снимката која се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа како Новак ужива во друштво на танчерката во текот на некоја вечера.

Судејќи според кадрите, Ѓоковиќ одлично си поминал и во еден момент почнал да танцува со сабја на главата.

Инаку, Новак во среда во 16 часот го игра натпреварот во второто коло против Германецот Филип.

За да остане на првото место на АТП листата потребно му е да стигне барем до полуфиналето.

Погледнете го видеото: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг