Почна маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда

Макфакс

25/02/2020

18:49

3.658

Големина на фонт

а а а

Со развиорени знамиња и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, го почнаа маршот за правда пред зградата на Основното јавно обвинителство.

На протестот присуствува и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните.

Насобраните на чело носат транспарент на кој пишува „Заев е виновен“, а има и транспаренти кои се однесуваат на шефицата на Обвинителството против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Поддржувачите маршираат кон Врховниот суд, а дел од нив во рацете држат црвени картони порачувајќи дека власта треба да замине за да се врати правдата.


Граѓаните поминувајќи покрај неколку институции свираат со свирчиња и извикуваат “уаа, уаа”.


Пред една недела, марш за правда под мотото „Чекориме за правда“ организираше и владејачкиот СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг