Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Макфакс

25/02/2020

16:53

1.440

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста треба телефонски да повикаат доктор.

„Луѓе што престојувале во овој регион на северна Италија, доколку добијат такви симптоми, да не шетаат во јавноздравствени установи, туку ќе бидат прегледани и тестирани, доколку се инфицираат, во нивниот дом“, Филипче.

Патниците од ризичните подрачја при нивниот влез во земјата добиле специјални летоци со телефонски број на кој треба да се обратат доколку се посомневаат на коронавирус.

Министерот Филипче претходно денеска рече дека не размислува за тоа сите што доаѓаат од Италија да ги стави во карантин.

„Тие добиваат препораки што да прават“, рече Филипче.

Патниците што доаѓаат од ризичните подрачја со коронавирус секаде во светот мора да престојуваат 14 дена во карантин.

Кај нас ваквите патници се пуштаат дома со основни препораки за претпазливост.

Новите истражувања на кинеските доктори покажуваат дека периодот на инкубација може да трае 24 дена, што значи дека еден човек кој во себе го носи коронавирусот може да зарази илјадници луѓе, па дури потоа и самиот да забележи симптоми на болеста. Ова е причината зошто вирусот толку бргу се расшири во Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг