Американците го победија коронавирусот? „Имаме вакцина против смртоносниот вирус“

Точка

25/02/2020

18:00

9.181

Големина на фонт

а а а

Американската компанија „Modern Inc.“ која се занимава со произведување на лекови ја испорачала својата прва серија на лекови против коронавирусот Ковид-19 на надлежните американски здравствени агенции за да може да се направат првите тестирања на луѓето.

„Modern Inc.“ соопштила дека испратила примероци од вакцините во Националниот институт за алергија и заразни болести (NIAID) и како што се очекува дека првите клинички испитувања на луѓето ќе започнат кон крајот на месец април.

Прелиминарните резултати би можело да бидат достапни во јули или пак во август, пишуваат од „The Wall Street Journal“.

Компанијата користела технологија mRNK која е ветувачка затоа што mRNK вакцините се хипотетички побрзи и поефикасни од оние кои се теметал на ДНК.

Причината за тоа е тоа што вакцините кои што се темелат на ДНК мораат да комуницираат со јадрото на клетката додека пак mRNK се наоѓа по целата површина на клетките па поради тоа се многу попристапни.


Од друга страна пак, СЗО вчера соопштиле дека веруваат во антивирусниот лек против ебола - Remdesivir кој се докажал како ефикасен во намалувањето на симптомите на Ковид-19.

Оттаму додале дека дури сега се спроведуваат клиничките испитувања на луѓето и дека резултатите би можеле да бидат готови за неколку седмици.

Gilead Science, компанијата која произведува Remdesivir, за Си-ен-ен потврдила дека соработува со кинеските здравствени експерти и дека лекот поминува две клинички тестирања на пациенти кои се заразени со коронавирусот.

„Се спроведуваат два видови на клинички тестирања, едно на пациенти со тешки симптоми, а друго на оние со поумерени симптоми. Резултатите ги очекуваме во месец април“ - соопштиле од компанијата Gilead Science.



Спонзорирани линкови

Маркетинг