Анри: До крајот на мојот живот ќе сакам да го водам Арсенал

Дерби

25/02/2020

15:56

1.792

Големина на фонт

а а а

Славниот француски ас, Тјери Анри ја откри својата голема желба за која ќе се бори да ја оствари до крајот на својот живот-тоа е да биде тренер на Арсенал.

Анри најдобриот период од својата играчка кариера ја мина во клубот од Лондон, тим со кој доживеаа многу успеси, радости и за многумина тој е најдобриот играч во историјата на Арсенал. Популарниот Тити и до ден денеска е многу поврзан со „топчиите“ кои дефинитивно сака да ги води во иднина.

-Сонувам да го водам Арсенал, ама исто сонувам да излезам на теренот и имам страшно забивање. Тоа не значи дека ќе се случи. Ама да, додека умрам ќе сакам да го предводам Арсенал, -порача Анри кој сега е на чело на МЛС составот Монтреал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг