Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ моли европратеници да не ни дадат датум за преговори

Макфакс

25/02/2020

15:34

690

Големина на фонт

а а а

По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија преку нивниот последен обид да издејствуваат ЕУ да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија, истакна на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира“, посочи партискиот портпарол.

Ваквите постапки Костадинов ги оцени како антиевропски, антидржавни и антизападни. 

„Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата“, кажа тој и додаде дека СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси на државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг