Во Штип искршена таблата на Агенцијата за вработување

Макфакс

25/02/2020

15:11

774

Големина на фонт

а а а

Во штипската полиција вчера (24 февруари) било пријавено дека непознат сторител ја извадил и оштетил таблата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Штип.

Според пријавеното, вандализмот се случил меѓу 21 и 24 февруари на штипската улица „Гоце Делчев“.

Полицијата извршила увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг