Коронавирусот ја запре продажбата на автомобили во Кина, произведувачите во очај

Супермен

25/02/2020

16:10

2.400

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот ја запре продажбата на автомобили во Кина, произведувачите во очај

Кинескиот пазар за автомобили буквално исчезна преку ноќ. Коронавирусот и мерките за неговото сузбивање, буквално ја запреа продажбата на автомобили во Кина.

Во првата половина на февруари е забележан пад од дури 92%, а во првата недела од месецот неверојатни 96%. Односно, тоа значи дека во цела Кина дневно се продавале само 811 нови автомобили.

CPCA-China Passenger Car Association вели дека пазарот делумно ќе закрепне со повторно отворање на салоните, но и со преземање на некои нови мерки.


Меѓу нив намногу се очекува од една мерка, а тоа е воведување и промоција на онлајн продажбата на автомобили со вклучена достава на адреса.

Меѓу првите реагирал Гили, кој одлучил на секој купец, автомобилот да му го достави до прагот на домот. Некои произведувачи објавиле дека не планираат до средина на март да ги отворат салоните, но и дека ќе воведат онлајн продажба и достава. Меѓу нив се Тесла, Мерцедес и БМВ, пренесува „AutoNews Europe“.

Автоиндустријата ваквиот драстичен пад на продажбата на кинескиот пазар претрпе голем удар, а се очекува тука да не запре. Ако блокадата продолжи, многу произведувачи ќе бидат соочени со недостаток на делови, а тоа ќе значи и делумно или целосно запирање на производство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk