Флик со пофални зборови за Лампард: Остави многу посилни тимови зад себе, треба да му се…

Дерби

25/02/2020

14:19

1.830

Големина на фонт

а а а

Пред вечерашната средба на „Стемфорд Бриџ“ помеѓу Челси и Баерн Минхен свое видување даде и тренерот на „баварците“, Ханс Флик.

Стратегот кој првично е договорен да остане на клупата на Баерн Минхен до крајот на оваа сезона имаше само пофални зборови за Френк Лампард кој ќе му биде конкурент во намерата тимот да се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

– Го почитуваме Челси, но не смее да им се плашиме. Мора да бидеме храбри, полни со самодоверба и да играме напаѓачки. Убеден сум дека ќе прикажеме добра партија. Што се однесува до нив, тие играат многу добро иако изградија нов тим со многу млади играчи. Во моментов се четврти во Премиер лигата и зад себе оставија многу тимови кои веруваа дека ќе бидат пред нив. Можам само да му честитам на колегата за одличната работа која си ја врши во моментов, навистина работи фантастично, - изјави Ханс Флик.

Инаку , натпреварот помеѓу Челси и Баерн Минхен на програмата е денес со почеток од 21:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг