“Изеди бургер”, “Ослабни”, “Не сакаш деца? Ќе ги засакаш”: Видео кое треба да го погледне секоја жена

Кармин

25/02/2020

15:47

4.842

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Синтија Никсон е наратор на новата кампања на магазинот “Girls Girls Girls” која сака да предупреди на притисоците кои им се создаваат на жените поради нивниот изглед.

Видеото се нарекува “Be a Lady They Said” односно преведено “Биди дама, велат”, а текстот за видеото е дело на блогерката Камила Рејнвил. 


Синтија Никсон, една од ѕвездите на култната серија “Сексот и градот”, се појавила во видеото во класично црно одело која изрекла низа социјални “правила” кои им се наметнуваат на жените секој ден, а се однесуваат на нивното однесување и нивниот изглед и се прилично контрадикторни. Дел од говорот кој ја прикажува контрадикторноста ви го пренесуваме во продолжение:

“Не биди дебела. Не биди преслаба. Здебели се. Ослабни. Престани толку да јадеш. Немој да јадеш пребрзо. Нарачај салата. Не јади јаглехидрати. Треба да ослабнеш. Подложи се на диета. Изгледаш како костур. Зошто не јадеш? Изгледаш болно. Изеди бургер, мажите не сакаат преслаби девојки. Не зборувај прегласно. Не зборувај премногу. Не биди исплашена. Зошто си несреќна? Немој да бидеш арогантна. Немој да бидеш емотивна, немој да плачеш, немој да пцуеш. Ќе бидеш добра сопруга. Ќе го земеш неговото презиме... Роди му деца. Не сакаш деца? Ќе го промениш мислењето”.

Во продолжение погледнете го целото видео:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk