Фотографија од нередот кој семејство со деца го направил во ресторан, го разбесни светот!

Точка

25/02/2020

14:07

5.057

Големина на фонт

а а а

Семејство од Велика Британија се најде на удар на критики поради нередот кој го оставил во ресторан, откако се појавија фотографии на интернет.

Семејството со децата јадело во ресторан каде ѓубрето го оставило по целиот под, според фотографијата која е објавена минатата недела на Фејсбук страницата „Spotted: Colchester“.

„Не ми е грижа кој си, колку често јадеш надвор, колку деца имаш и колку лош ден си имал. Не е во ред да излезеш на вечера и да станеш од масата оставајќи ја во ваква состојба за некој друг да мора да ја исчисти. Кутрата девојка не знае од каде да почне“, пишува покрај фотографијата.

Фотографија налутила многумина на Фејсбук, каде предизвикала илјадници реакции.

„Некои луѓе едноставно се животни“, гласи еден од коментарите.


 



Спонзорирани линкови

Маркетинг