Го победија коронавирусот: Во Виетнам излечени сите 16 заразени! Меѓу нив и 3-месечно бебе

Точка

25/02/2020

21:01

16.427

Големина на фонт

а а а

Сите 16 лица во Виетнам кои биле заразени со новиот коронавирус се излечени, соопштило денес министерството за здравство.

Министерството навело дека од 13-ти февруари не бил регистириран ниеден нов случај на зараза. 

Последниот пациент, 50-годишен маж кој бил заразен од својата ќерка по враќањето од кинески Вухан, жариштето на коронавирусот, закрепнал и е во добра здравствена состојба.

Засега не е познато кога ќе биде пуштен од болница. Останатите излечени, меѓу кои и едно тримесечно бебе, закрепнуваат.

Во Виетнам на 23-ти јануари биле регистрирани првите два случаи на коронавирус кај двајца кинески државјани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг