Ова видео од еден тренинг на Брус Ли докажува колку тој бил навистина силен

Супермен

25/02/2020

14:17

5.188

Големина на фонт

а а а

Брус Ли e глобален феномен кој 47 години по својата смрт и понатаму доминира. Брус ја достигнал својата слава благодарение на филмовите во кои ги демонстрирал своите боречки вештини, а покрај тоа што бил неверојатен борец, Ли првенствено бил вистински фитнес феномен.

Неговата физичка форма ги воодушевувала сите кои тогаш се занимавале со фитнес, а дури и легендарниот Арнолд Шварценегер признал дека токму Брус Ли му бил најголем пример. Сите ќе се сложат дека Ли имал неверојатна физичка кондиција – тој бил вистинска “бомба” во мало пакување. 

Со цел да не влијае на неговата брзина, Брус избегнувал тренинзи за мускулна маса и се посветувал на градење на сила и дефиниција. Неговото тело било толку дефинирано што, како што велат некои, би можеле да предавате анатомија на него.


Ли го посветил животот на тренинзите и усовршувањето на своето тело до 33-та година (кога починал), а истото го довел до состојба во која бил буквално непобедлив – со неговата сила и брзина ретко кој би можел да се мери.

Постојат голем број видеа кои покажуваат како Брус вежбал во својот двор, а едно од тие прикажува и колку тој бил навистина силен. Сигурно некогаш сте удирале во вреќа и сте сфатиле дека тоа не е воопшто лесно, но Брус со таква леснотија го изведувал тоа што вреќата просто летала на сите страни.

Неговите ученици тврделе дека тој е толку силен што можел да ја удри вреќата за таа по неговиот удар да удри во плафонот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk