Том Круз поради карантин го прекина снимањето на филмот! Ги спакувал куферите и итно ја напуштил Италија!

Точка

25/02/2020

13:54

3.141

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат странските медиуми, Том Круз го прекинал снимањето на седмиот дел на филмот „Невозможна мисија“ во Италија, поради коронавирусот кој пристига во земјата.

Снимањето на „Невозможна мисија 7“ е прекинато, а екипата на филмот, во кој главната улога ја толкува Том Круз, ја напушти Италија, пишуваат италијанските медиуми.

Тие ги спакувале куферите и заминале од Венеција, каде ги снимале кадрите на овој акционен серијал.


„Поради големата загриженост за безбедноста и благосостојбата на нашата екипа и по советот на венецијанските власти да се избегнуваат јавни собири до следното известување, одлучвме да го прекинеме 3-неделното снимање во Венеција“, соопштило студио „Парамаунт“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг