Дејвис откри дека во авион дознале за смртта на Коби: Хауард се затвори во тоалетот и сите го слушнавме како плаче, а потоа…

Дерби

25/02/2020

12:59

1.660

Големина на фонт

а а а

И еден месец по смртта на Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа, светот не може да поверува дека се случил ваквиот инцидент.

Легендата на светската кошарка заедно со неговата ќерка Џана и уште седум други патници загинаа во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес пред еден месец.

За тоа како дознале играчите на Лос Анџелес Лејкерс за смртта на Коби се огласи Ентони Дејвис, кој откри дека за тоа дознале во авион и дека тој лет за нив бил најдолгиот кој некогаш го имале.

– Не можам да спијам во авион никогаш и обично гледам нешто на ајпед. Гледав „Авенџерс“ и бев фокусиран на филмот. Потоа ги видов Двајт Хауард и Демаркус Казнс како ми мавтаат и ми покажуваат да ги извадам слушалките. Кога го направив тоа Хауард ми рече: „Човече, Коби загинал“. Си реков кој Коби, затоа што бев сигурен дека тоа не е Коби Брајант. Ми рекоа повторно Коби, но не прифаќав дека тоа е тој. По неколку секунди тоа ме погоди и не ми се веруваше. Леброн спиеше во тој момент, а тие продолжија да ми објаснуваат дека Коби загинал во пад на хеликоптер. Го будев Брон, а сите веќе беа на интернет да видат дали тоа е вистина. Ни Џејмс не веруваше што се случи и беше во шок. Само ни зборуваше да престанеме со шегите. Тоа беше сцена како од филмовите. Беше многу погоден и повреден. Хауард во тој момент побегна во тоалетот, а сите слушнавме како плаче и потоа тргна се. Леброн не можеше да се воздржи, тоа беше најдолгиот лет некогаш, - изјави Ентони Дејвис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг