Маж ги згрозил луѓето со својот начин на јадење шпагети: “Ова е толку погрешно!”

Точка

25/02/2020

12:42

3.630

Големина на фонт

а а а

Видеото од еден маж кој за време на јадењето шпагети ги сече со ножици, ги остави луѓето згрозени. Иако имало и такви кои биле воодушевени, повеќето неговиот трик го нарекле “одвратен”, пренесува британскиот “Metro”.

Во видеото кое било споделено на Твитер се гледа како еден постар човек ги “мота” шпагетите на вилушка, ги принесува до устата, а потоа деловите кои се подолги и кои паѓаат преку вилушката ги пресекува со ножици.  

Повеќето луѓе само ги намотуваат шпагетите околу вилушката додека не ја добијат совршената количина на храна, но се чини дека овој господин се брзал во јадењето.

##https://twitter.com/CucumberTonic/status/1230767509143375874?s=20##

Со оглед на тоа што ги сечел шпагетите со ножици, тој и релативно брзо ги јадел, што загрижи многу луѓе бидејќи би можел да си предизвика проблеми со дигестивниот систем.

Некои биле воодушевени, велејќи дека “ова е еден паметен и итар човек”, додека други ја коментирале својата згрозеност: “Што побогу се случува овде? Ова е толку погрешно, треба да му се забрани јадење шпагети”.

Секој има право на сопствен избор и начин на јадење на храна, но доколку одлучите да ја применувате оваа рутина во јадењето шпагети, барем погрижете се ножиците да се чисти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг