Најдобриот пријател на Коби откри каква порака добил од него од хеликоптерот: Тоа беше последниот херојски акт

Дерби

25/02/2020

11:38

1.557

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес во текот на вчерашниот ден беше облеан во солзи поради комеморацијата која се одржа во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, случување кое беше актуелно во „Стејплс центарот“, вечниот дом на „црната мамба“ која прерано не напушти изминатиов јануари.

Неповторливиот играч на Лејкерси трагично го загуби животот во хеликоптерската несреќа која однесе вкупно девет жртви, а последните пораки кои му беа испратени на Коби од страна на сопругата Ванеса, неговите колеги, НБА ѕвезди и најблиски пријатели ја обиколија спортска Америка.

Големиот Мајкл Џордан не можеше да ги крие солзите и порача дека умрел дел од него кога Коби погина во страшната несреќа, но за одбележување е и говорот на неговиот најдобар пријател Роб Пелинка. Човекот кој моментално е генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкер своевремено му беше и агент на Брајант, а повеќе од 20 години важеа за неразделни пријатели, поради што Брајант својата последна порака во животот му ја испратил токму нему.

– Кобното утро во неделата, бев во црква на миса и почувствував како телефонот ми вибрира во џебот. Прво сакав да го игнорирам поради тоа што бев во црква, но нешто ме натера да погледнам и видов дека имам порака од Коби. Тоа не беше чудно, бидејќи повеќе од 20 години се слушавме секојдневно, така прават најдобрите пријатели. Ми постави прашање дали можам да му помогнам на негов пријател, дали знам некој бејзбол менаџер во Калифорнија кој би можел да и помогне на ќерка му. Зборуваше многу добро за девојката, за нејзината работна етика, предвидуваше светла иднина за неа. Му вратив одма и му реков дека ќе му помогнам да го завршиме тоа. Неколку минути подоцна, Коби, Џиана и уште седум убави душа заминаа во рајот. Коби ми праќаше пораки од хеликоптерот, девојката на која толку сакаше да и помогне е Лекси Алтибели, ќерка на Џон Алтибели кој исто така беше во хеликоптерот. Последниот човечки акт на Коби беше херојски, – порача Пелинка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг