Американците се подготвуваат за нуклеарен напад на Европа: Руски сенатор им порача - вие сте болни луѓе!

Точка

25/02/2020

20:20

4.376

Големина на фонт

а а а

Кон крајот на минатата седмица, американски Пентагон потврди дека извеле „мини-вежба“ која вклучува реагирање на потенцијален руски нуклеарен напад со мала бомба на некоја од европските земји членки на НАТО.

Овие вежби биле одржани откако американскиот Совет за вооружена служба при долниот дом на американскиот Конгрес порача дека САД мора да има подготвен план за „водење на борба и извојување на победа“ во нуклеарно-контаминирано опкружување.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер порача во разговор со новинарите дека целта на вежбите е подготовка на американскиот одговор во случај на руски напад на Европа.

На овие прилично неконвенционални воени вежби реагираше рускиот пратеник Александар Шерин. Тој порача дека е апсурдно воопшто во хипотетичка смисла да се размислува дека Русија со нуклеарно оружје би ја нападнала Европа.


Уште поостро ги американските воени вежби ги коментираше рускиот сенатор Сергеј Цеков кој порача дека овие вежби ги организирале „болни луѓе“. Во разговор за руските медиуми истакна дека го зачудило тоа што САД изведуваат вакви вежби и притоа отворено говорат за тоа.

„Од друга страна, имајќи ја во предвид актуелната ситуација и потезите на американската администрација, зарем може ли нешто да не изненади?“, запраша рускиот сенатор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг