Поради ширење на коронавирусот во Италија, тензично и во Австрија: Се проверува секој сомнеж за инфекција, се контролира секој патник

Точка

25/02/2020

12:28

2.241

Големина на фонт

а а а

Поради ширење на коронавирусот во соседна Италија, во Австрија ситуацијата е многу тензична и се проверува секој сомнеж во инфекција со опасниот вирус.

Така полицијата вчера кај местото Алхаминг сопрела еден патнички автобус поради можна инфекција на патниците со коронавирус. 

Станува збор за автобус кој од Шпанија преку Италија пренесува патници во Унгарија.

Во словачкиот автобус имало група на патници од Унгарија, Чешка и Словачка, пренесува претставникот на општината Манфред Хагенедер.

Хагенедер за APA рекол дека водичот ги известил властите дека во автобус се наоѓа патник кој покажува симптоми на грип.

Полицијата го сопрела автобусот на еден паркинг на авто-пат, а лекарите спровеле контрола на патниците. Бидејќи кај ниеден од патниците не биле востановени симптоми на коронавирусот, автобусот бил пуштен да го продолжи патот.

Во неделата навечер австриските власти сопреле еден воз од Италија поради сомнение дека има инфекција со коронавирус кај двајца патници.

Во покраината Салцбург 28 вработени во универзитетска клиника, по престојот во Италија, при враќањето се ставени во домашен карантин.

Салцбуршките власти истакнуваат дека станува збор за превентивна мерка и дека засега никој од нив не покажува симптоми на заболување.

Во двонеделниот карантин се наоѓаат и членови на семејството на службеник на болницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг