Џордан каков што досега не сте го виделе: НБА легендата не можелa да ги задржи солзите додека држелa говор на комеморацијата за Брајант

Супермен

25/02/2020

10:12

1.978

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер во “Стејплс” центарот беше одржана комеморација во чест на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и уште седумте лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа на 26-ти јануари.

На комеморацијата насловена “A Celebration of Life” во центарот присуствувале кошаркарските великани Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шекил О’Нил и многу други познати личности, а свој настап имала и Бијонсе. 


Еден од поемотивните говори го одржала легендата на спортот под обрачи, Мајкл Џордан.

“Благодарен сум им на Ванеса и семејството Брајант за приликата да зборувам вечерва. Коби не остави ништо во својот резервоар бидејќи даваше сè од себе. Тој ми беше како помал брат, секогаш сакаше да зборуваме за споредбите помеѓу нас двајца. Јас сакам само да зборувам за него. Сакаше да биде најдобриот кошаркар кој можеше да биде”.


“Откога го знам, јас сакам да бидам најдобриот постар брат кој што можам да бидам. За да го остварам тоа, морав да ги издржам сите тие прашања, пораките во 3 часот наутро, поради него, за да стане подобра личност, подобар кошаркар. Зборувавме за бизнисот, за семејството, за сè – само сакаше да биде подобра личност”, рекол Џордан низ солзи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk