Италијанскиот произведувач на автомобили на својот профил на Твитер објавил видео во кое најавува големи работи во Женева.
Саемот за автомобили во Женева ќе трае од 7-ми до 17-ти март, а таму посетителите ќе можат да ги видат долго најавуваните автомобили, но и некои други интересни примероци.
Од "Alfa Romeo" одлучиле да бидат малку потаинствени од обично и со кратко видео да ја "заскокоткаат" имагинацијата на своите клиенти.
Тие на својот профил на Твитер поставиле видео со краток опис "Вклучете го звукот", а доколку тоа го направите ќе можете да слушнете "крикот" на еден од нивните модели.
Секако, италијанскиот произведувач не открил за кој модел се работи, но се верува дека станува збор за новиот Quadrifoglio GTA.