Која е Македонката која го занеме жирито на бугарскиот „The Voice“?

Точка

24/02/2020

21:57

10.107

Големина на фонт

а а а

Калина Велковска, попозната во јавноста како Кали, настапувала како вокалист за многу бендови од различни жанрови, а лани во април го издаде нејзиниот прв сингл „Ти ми зеде сѐ“.

Порасната со класичната музика во училниците на МБУЦ „Илија Николовси Луј“, детските хорови „Пиколо“ и „Развигорче“, воспитана во бендовски манир и партизанска алтернативна култура низ скопските гаражи, Кали од 2006-та година активно плови низ немирните и нестабилни води на македонската авангарда, далеку од поп естрадата.

Социјалните мрежи од вчера се преплавени со настапот на Калина Велковска која со својот перформанс во музичкото шоу „Гласот на Бугарија“ ја натера жирикомисијата да стане и да вреска на глас.

Шармантната Калина со нејзиниот талент ги воодушеви судиите на аудицијата “на слепо“ со нејзината изведба на песната „This World“ на Села Сју.

Толку многу им се допадна, што дури и ги сврти еден против друг во борбата кој да ја привлече во својот тим. Калина на крај избра да се приклучи на тимот на Иван Лечев.

Видеото со нејзиниот настап објавено на официјалниот YouTube канал The Voice of Bulgaria е прегледано речиси 30.000 пати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг