Коронавирусот во Вухан го донеле американски војници? Извештајот од јапонската телевизија го вознемири народот

Точка

24/02/2020

19:37

12.274

Големина на фонт

а а а

Новиот коронавирус Ковид-19 би можел да биде по петекло од САД, вчера известиле од јапонската телевизја „Асахи“. Оваа вест не би требала да се земе предвид да не станува збор за една од најголемите медиумски куќи во Јапонија.

Извештајот од јапонската телевизија вели дека некои од 14.000 Американци кои починале од грипот во последната деценија би можеле на непознат начин да биле заразени од коронавирусот со што отпочеток го отвориле сомнежот дека новиот Ковид-19 би можел да потекнува од САД.

Телевизиската станица сугерира дека владата на САД можеби не разбрала ниту пак била свесна за ширењето на заразата во таа земја.

Според неколку корисници на кинеските социјални мрежи „Veibo“, вирусот во Кина се појавил од Американските војници на Светските воени игри кои во месец октомври биле одржани во Вухан.

„Можеби дошло до мутација на вирусот кој стана смртоносен, а заразата предизвикала раширена епидемија“ - велат од јапонската телевизија.

На 14-ти февруари Центарот за контрола и превенција на болести во САД, кажале дека ќе почне да ги оценуваат луѓето кои се заболени од грипот за да откријат дали се појавил новиот коронавирус во јавно здравствените лаборатории во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Чикаго и Њујорк.

Шен Ји, професорката на меѓународните односи на Универзитетот Фудан во Шангај рекла дека глобалните виролози работат на следењето на коронавирусот.

Медиумите исто така известиле дека американскиот центар за контрола и превенција на болеста работат со здравствениот сектор на зголемување на подготвеноста пред вирусот да се “насели во САД“.

Кина во саботата објави дека бројот на починати од коронавирусот во земјата пораснал на 2.345 затоа што уште 109 нови смртни случаи биле забележани во петокот.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести ја отфрлил “приказната“ од телевизискиот канал тврдејќи дека нема докази кои би ја поддржале приказната која вели дека многу од смртоносните случаи во САД се предизвикани од вирусот Ковид-19.




Спонзорирани линкови

Маркетинг