Една од најубавите хрватски танчерки, Тина Валм, на Инстаграм објави фотографија на која позира во костим за настап очигледно инспириран од коронавирусот.
Тина е облечена во припиен златен костим, со маска на лицето, а едната нога ѝ е гола.
„Се чувствувам толку болно, што оваа фотографија е сосема соодветна“, напишала под фотографијата.
Многумина фотографијата ги асоцирала на коронавирусот, па такви коментари и оставиле: „Корона глам“, „Корона костим“, „Болнооо“, „Дали е ова против вирусот, или?“
И самата Тина се пошегувала во коментар: „Категоријата е коронавирус екстраваганза.“
На други сепак им го одвлекло вниманието нејзината разголена нога, па ѝ оставиле многу комплименти на сметка на изгледотт.
„Боженствено“, „Совршенство не постои, но ти си многу блиску“, „Каква нога“, „Мис нога 2020“, ѝ пишувале фановите.