Кога ќе се судрат богаташи: Блумберг троши милиони за да го нападне Трамп со вакви билборди?

Точка

24/02/2020

21:43

2.187

Големина на фонт

а а а

Познато е дека Мајкл Блумберг, еден од номинираните демократи за претседателските избори во САД не ги штеди своите пари кога станува збор за изборната кампања, но овие денови се чини дека отиде предалеку.

Поранешниот градоначалник на Њујорк се уште нема добиено ниту номинација од страна на Демократската партија, но тој веќе го напаѓа Трамп. Се очекуваше најпрвин да се фокусира на ривалите во партијата, но Блумберг избра поинаква тактика - се обидува да се наметне како најсилен кандидат за националните избори, така што веднаш ќе удри на претседателот Трамп.

Блумберг не ни беше на гласачкото ливче на предизборите во Невада, но кога Трамп пристигнал во Лас Вегас и Феникс, го пречекале огромни билборди кои го исмеваат и наликуваат на еден вид на детско препукување.


Милијардерот овојпат ги искористил своите пари за да испрати порака дека Трамп „мами на голф“, дека „ѕидот на Трамп паднал“ и слично.


Блумберг веќе потроши 460 милиони долари на својата кампања од кои 415 милиони долари завршиле кај телевизиите, радио и дигиталните огласи. Тоа на пример е 10 пати повеќе од тоа што досега Берни Сандерс потроши за рекламирање.


Да потсетиме, Берни Сандерс победи на изборите во Ајова, Њу Хемпшир и Невада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг