Сатирични карневали на улиците во Германија – на мета расизмот, но и коронавирусот

Точка

24/02/2020

15:45

1.807

Големина на фонт

а а а

Денеска во градовите на западот од Германија се одржуваат карневали познати по немилосрдната сатира, чија главна тема оваа година е расизмот, но и светските политичари и коронавирусот.

Карневалите во Келн, Дизелдорф, Мaјнц и другите градови биле набрзина организирани по минатонеделниот напад во Ханау со радикално десничарска позадина во кој во средата беа убиени 10 лица. 

Годишните карневали се познати по костимите со карикатурни ликови на светските политичари, но оваа година учесниците решиле со хумор да му се спротивстават и на коронавирусот – во една поворка се појавила фигура слична на кловн со натпис “карневалски вирус” која се потсмева на суштеството со злокобен изглед со натпис “коронавирус”.


На улиците на германските градови оваа година има најмногу фигури со кои се осудува расизмот, пренесува “AP”. На поворката во Дизелдорф била забележала огромна глава на човек со црвено и бесно лице, додека од неговата уста излегувал пиштол на кој пишувало “расизам”.


Од страна се наоѓал слоганот “делата произлегуваат од зборови” и листа на нападите помеѓу кој бил споменат и оној во Ханау.

На поворката во Дизелдорф бил прикажан лидерот на крајната десна алтернатива за Германија, Бјерн Хеке, чија рака испружена во нацистички поздрав ја придржуваат фигурите кои ги претставуваат припадниците на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел и либералната и про-бизнис Партија на слободните демократи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг