Трамп за подарок добил три мајмуни од Моди: Што значи оваа скулптура во Индија, а која порака ја носи на Западот

Точка

24/02/2020

15:02

1.421

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија биле срдечно пречекани во Индија, во градот Ахмедабад, каде ја започнале дводневната посета на оваа земја.

Премиерот Нарендра Моди ги дочекал во Сабармат Ашрам, некогашна резиденција на Махатма Ганди. 

Во текот на обиколката на местото во кое живеел Ганди, Моди на гостите им ја објаснил важноста која ова место ја зазема во индиската борба за слобода, и на Трамп и Меланија им подарил реплика од фигурите на Трите мудри мајмуни.

Инаку, оваа мала скулптура била редок исклучок кој Ганди го направил во својот живот и ја задржал, иако се определил за животен стил во кој се откажал од поседување на материјални добра.

Мајмуните кои ја прекриваат устата, очите и ушите се познати ширум светот, а еве што всушност значат.

Трите мистични мајмуни, како што уште се нарекуваат, во упростената верзија претставуваат однос кон злото - Мизару, кој ги прекрива очите и порачува дека не гледа зло, Киказару - Не слушам зло, и Ивазару, кој ја покрива устата и порачува дека не зборува зло.

Околу потеклото на оваа претстава постојат повеќе теории, и иако е популаризирана по откритието на една резбарија над славен храм во Јапонија, се претпоставува дека во таа земја дошла од Кина.

Слична фраза во Кина може да се најде во избраните мудрости на Конфучиј, така што се претпоставува дека неговата изворна изрека е скратена и пренесена во Јапонија.

Во учењето на Ганди стои дека тоа што го правиме, зборуваме, слушаме и гледаме е круцијално за тоа што го мислиме и чувствуваме. А тоа што мислиме и чувствуваме станува срж на тоа што го сметаме за наша сила.

Меѓутоа, иако Трите мудри мајмуни се познати ширум светот, во различни краеви имаат различни пораки и сфаќања.

Додека во Јапонија претставуваат златно правило, во будистичката филозофија симболизираат избегнување на злобни мисли.

Во западните медиуми овие три мајмуни се користат како асоцијација на одговорни луѓе или оние на власт, кои ги занемаруваат своите морални обврски и ги игнорираат нечесните работи кои се случуваат околу нив.

За мафијата овие три мајмуни се симбол на молчење.

По дочекот на новоотворениот стадион за крикет пред повеќе од 100.000 насобрани, Трамп и Меланија отпатувале за Агра и го посетиле Таџ Махал.

Традиционално, како и сите високи гости, Доналд и Меланија се фотографирале покрај славниот Таџ Махал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг