После гласините дека се разведува, оваа фотографија кажува сè за односот помеѓу Северина и Игор

Кармин

24/02/2020

14:28

4.535

Големина на фонт

а а а

Северина со својата најнова објава ги демантираше озборувањата за проблемите во бракот со Игор Којиќ.

Пејачката објави нивна заедничка фотографија на која Игор ја бакнува во чело и во описот ја цитирала својата песна „Мили мој“.

„Mili moj, sad bi se s tobom malo ljubila i ispod tvog ramena učulila“, напиша Северина и ги додала своите препознатливи хаштази „сакам што се сакаме“ и „љубовта со љубов се враќа“.

Гласините за проблемите во бракот започнаа откако пејачката презимето Којиќ го тргна од својот Инстаграм профил, а продолжија откако објави стара фотографија со него од Белград, откако српските медиуми ја обвинија дека лаже.

Инаку, Северина пред неколку денови го прослави 8-от роденден на нејзиниот син Алексанар, а му го честиташе преку социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk