Оваа задача од белгиската Олимпијада ја тестира логиката и интелигенцијата, можете ли да ја решите?

Точка

24/02/2020

14:42

3.864

Големина на фонт

а а а

На Јутјуб се појави задача од белгиската Олимпијада за ученици од 16 до 18 години, а многумина коментирале дека таа е една од полесните задачи кои се појавиле на овој канал.

Популарниот канал “Mind Your Decisions” со повеќе од 1,68 милиони претплатници редовно објавува интересни зачади кои веднаш стануваат вирални, а неодамна го привлече вниманието со тестот за логика и интелигенција, односно како што се наведува, задача од белгиската Олимпијада.  

Можете ли да откриете која е вредноста на секоја боја (круговите со иста боја се исти броеви), при што се знае дека станува збор за различни броеви чиј вкупен збир е 1416.


“Ова е една од ретките задачи на каналот која успеав да ја решам”, е еден од коментарите под видеото, а и други се сложиле дека истата не е тешка.

Ако не успеавте да ја решите, погледнете го видеото кое ќе ви го открие решението:



Спонзорирани линкови

Маркетинг