Војдан: Во Перм видовме дека можеме многу подобро, сега поразот од Естонија боли уште повеќе

Дерби

24/02/2020

14:18

598

Големина на фонт

а а а

Македонија го загуби и вториот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година, односно овојпат доживеавме пораз на гостувањето во Русија од 77-67.

На дуелот во Перм за разлика од оној против Естонците во Скопје се претставивме во подобро светло низ сите 40 минути, па според капитенот Војдан Стојановски тоа треба да биде пример како да играме во иднина.

- Ова е играта која треба да ја негуваме во иднина, без разлика што сега загубивме. Треба да бидеме борбени во сите 40. минути, и треба да веруваме во сопствените сили, не треба да гледаме на противниците со респект. Се боревме, навистина игравме добро, мислам дека ни недостасуваше малку енергија па и малку среќа во финишот, - истакна Војдан и додаде:

- Во Перм видовме дека можеме многу подобро. Видовме дека имаме потенцијал. Штета, навистина голема штета што не го искористивме домашниот терен, имавме и полна сала. Ги имавме сите услови за победнички старт. Затоа можам да кажам дека искрено, сега поразот од Естонија боли уште повеќе, - заклучи членот на француски Гравелин Данкерк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг