Продолжува приказната за злоставувањето на детето: Тој и неговата мајка исчезнале од социјалните мрежи

Точка

24/02/2020

13:51

2.567

Големина на фонт

а а а

Откако снимката од 9-годишниот Квејден од Австралија, кој расплакан зборува дека сака да умре поради малтретирањето во училиште се прошири на интернет и предизвика бројни реакции ширум светот, детето и неговата мајка, сосема исчезнале од социјалните мрежи.

Причина за тоа биле грозните коментари поради кои мајката на ова дете се одлучила да се повлече од Фејсбук и Инстаграм. Иако многумина биле допрени од оваа приказна, поддршка пратиле многумина, па и славни личности како актерот Хју Џекмен, за жал имало и такви кои со своите коментари продолжиле да го малтретираат детето со дијагноза на ахондроплазија. 

Видео-снимката која го допре целиот свет е избришана, а профилот кој го водела неговата мајка Јарака Бајлес бил деактивиран.

На интернет некои луѓе коментирале дека Квејден не е дете и дека има 18 години и дека е актер. Тие гласини отишле толку далеку што неговата мајка мораа да се огласи на Фејсбук за да го одбрани. Многумина ги земале фотографиите на детето и ширеле лажни дезинформации, а поради сето тоа, неговата мајка одлучила да се повлече од социјалните мрежи.

Со годините на детето се позанимавала и Карди Би, која рекла дека верува дека Квејден е 9-годишно момче.

"Мислам дека не лаже за тоа колку години има. Тоа штопостои видео снимка како фрла пари и се однесува како гангстер, не значи дека децата можат да го малтретираат", рекла Карди Би.

Интернет страната "The Stand Tall 4 Dwarfism", која ја водела нејзината мајка, исто така е деактивирана. Квејден го поддржале многу славни личности, па и рагби тимот "Indigenous", кои го повикале да им се приклучи на теренот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг