Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро го осуди палењето кукли од геј-двојка со посвоено дете на карневалот во Имотски, велејќи дека тоа е тажен, нехуман и тотално неприфатлив чин во текот на карневалските денови.
„Организаторите кои го приредија срамниот настан, повикувајќи се притоа на традицијата, заслужуваат најсилна осуда во јавноста поради ширење омраза кон другите. Нетолеранцијата и нечовечноста немаат место во хрватската традиција“, порача Милановиќ на својот фејсбук-профил.